Македонското сонце се повеќе создава енергија

Bez autora
Apr 21 2014

Пад на вложувањата во обновливи извори на енергија во Европа во 2013 година за 14%. Според податоците на последниот извештај на ОН, минатата година во обновливи извори во која не е вклучено производството на електрична енергија од хидроцентралите, вложено е вкупно 24,4 милијарди долари, што е 35,1 милијарда долари помалку отколку во 2012 година и 23 проценти помалку отколку во рекордната 2011 година. Овој извештај е дел од програмата за обновливи извори на енергија каде се вели дека во Европа вложувањата се намалени за 44 отсто, односно достигнале 48 милијарди долари. Во Кина намалувањето е помало и изнесува 6% или 56 милијарди долари, а во САД за 10%, односно 36 милијарди долари. Анализите укажуваат дека кај земјите во развој вкупното производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија пораснато е на 8,5%, а во 2012 година растот е 7,8%.

Македонското сонце се повеќе создава енергијаПад на вложувањата во обновливи извори на енергија во Европа во 2013 година за 14%. Според податоците на последниот извештај на ОН, минатата година во обновливи извори во која не е вклучено производството на електрична енергија од хидроцентралите, вложено е вкупно 24,4 милијарди долари, што е 35,1 милијарда долари помалку отколку во 2012 година и 23 проценти помалку отколку во рекордната 2011 година.

Овој извештај е дел од програмата за обновливи извори на енергија каде се вели дека во Европа вложувањата се намалени за 44 отсто, односно достигнале 48 милијарди долари. Во Кина намалувањето е помало и изнесува 6% или 56 милијарди долари, а во САД за 10%, односно 36 милијарди долари.

Анализите укажуваат дека кај земјите во развој вкупното производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија пораснато е на 8,5%, а во 2012 година растот е 7,8%. Хидроенергијата како дел од обновливите извори лани достигнала 43,6 проценти, а во моментов најинтересни се вложувањата во соларната енергија.

И во Македонија актуелно е сонцето како обновлив извор на енергија и расте бројот на сончевите централи, оти земјава заедно со Калифорнија е на врвот на листата во светот со најквалитетен пик на сончева енергија што достигнува од 1.380 до 1.520 киловат-часови пик на квадратен метар.

Од пред неколку години земјава има Стратегијата за обновливи извори на енергија каде е укажано како земјава треба да го развива производството на енергија од обновливи извори и тоа вода, ветер, сонце, биомаса...

Во изработката на оваа стратегија учествуваа бројни енергетски стручњаци меѓу кои и академик професор Глигор Каневче. Според него, Стратегијата во чија изработка учествуваше МАНУ истовремено ги исполнува барањата на Енергетската заедница според кои до 2020 година во земјава 20 отсто од производството на електрична енергија да се реализира од обновливите извори. Пред неколку години, во 2005 година изнесуваше само 13,8 процент, што ја вбројуваше Македонија меѓу земјите со најниско учество на искористеност на обновливата енергија.

Како што се вели во стратегијата распределбата на енергијата во 2020 се планира да биде и тоа: 34,1 процент на големите хидроцентрали, на малите 5,2 проценти, на енергијата добиена од ветер 3,9 проценти, додека на биогоривата 10 проценти, а на биотермалната енергија 6 проценти. Големите хидроцентрали треба да обезбедат 2.000 гигават-часови електрична енергија, а од малите хидроцентрали ќе се добива околу 300 гигават-часови.

Во моментов, во земјава, искористеноста на енергијата од обновливите извори е 16,3 проценти, при што се очекува растот да продолжи и до 2030 година кога се очекува да достигне 27 проценти. Македонија е на добар пат до 2020 година да стане дел од земјите на ЕУ кои ја почитуваат директивата со којашто се обезбедува 20-процентна застапеност на искористеност на енергијата од обновливи извори на енергија.

Во Стратегијата за обновливи извори на енергија е утврдено дека инвестицијата во енергетиката до 2020 година ќе достигне 1,6 милијарди евра, а во неа ќе бидат вклучени изградбата на голем број хидроцентрали, соларни и ветерни централи. Се очекува до 2020 година од биогорива да бидат произведени 10 проценти од потрошувачката на енергијата во сообраќајот.

Експертите, сепак, предупредуваат дека цената на електричната енергија произведена од обновливи извори на енергија ќе биде од 1,4 до 3,4 проценти повисока од пазарната цена, оти енергијата добиена од обновливи извори на енергија има поинаков третман на глобално ниво, односно се дефинира како производ со посебна цена. Македонските граѓани, инаку, се сериозно заинтересирани за вградување на сончеви колектори во своите домови. Годишно едно домаќинство со воведување на соларен термален колектор во својот дом за 8 месеци заштедува околу 2.400 киловат-часови струја, а тоа на годишно ниво е 8.400 денари.

Светски рекорд во искористувањето на сончевата енергија за производство на електрична енергија се соларните електрани во Германија, кои произведуваат третина од нејзината вкупна потрошувачка. Колку е голема искористеноста на сонцето во Германија потврдува и податокот дека тие имаат инсталирано соларни електрани со капацитет што одговара на силата на фотоволтаичките паркови во остатокот од светот. Во оваа држава сончевата енергија покрива околу 4% од годишната потрошувачка на струја и таа планира да стане светски лидер во користењето на обновливи извори, а во моментот со нив покрива 20% од потрошувачката.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik